Никој не може да и наштети на верната душа...


 


Никој не може да и наштети на верната душа



 Никој не може да и наштети на верната душа.  Но, што и да ѝ се случи, тоа се смета за нејзина добивка.

 Додека неверникот е казнет со сопственото неверување, така е казнет и работникот, кој работи без да се надева како ќе му биде платен трудот.  Верникот, напротив, наоѓа многу утеха, бидејќи и кога се труди е верен и се надева дека ќе биде награден за своето трпение.

 А неверникот, бидејќи не верува дека ќе добие награда од Господа, каква утеха може да најде?

 И така се случува и на најмалата работа, тој да седи и да скапува во помислите, и си мисли „и тој ми кажа“, „И јас треба да му кажам“, згрчувајќи се и набивајќи невозможни работи во главата, кои често не може да ги разбере.

 Луѓето, гледате, не го постигнуваат она што го мислат, туку само она што Бог им дозволува да го постигнат, а тоа од причини само што Тој ги знае...


 Авва Зосима

Comments