Понизноста ве приближува до Бога

 Понизноста ве приближува до Бога.

Свети  Гаврил Грузијски секогаш посветувал посебно внимание на добродетелта на смирението.  Во овој поглед, важно е споменот на Нелија Бобохиџе.

 Еднаш имав големи тешкотии. Со неколку мои роднини дојдовме кај отец Гаврил. Секој брзаше да каже нешто свое. Си помислив: Можеби тие се во поголеми потешкотии од мене и се вратив на назад.Само јас помислив на тоа, кога отец Гаврил, кој седеше со грб кон мене, наеднаш се сврте, ме погледна и рече:

 Колку сте блиски со Христос?

 Ми беше непријатно што толку високо ценеше толку мала работа.

Comments