Молитвата кон Бога, со страв, го враќа мирот, а љубовта и долготрпеливоста го уништуваат „неприродниот“ гнев...


 

Ако човекот не може да ги поднесе грубите зборови на ближниот и да се одмазди, тогаш во совеста настануваат војни поради нетрпеливост и преовладува заробеништво на немир.

 Молитвата кон Бога, со страв, го враќа мирот, а љубовта и долготрпеливоста го уништуваат „неприродниот“ гнев.

 Ако остане мирот, љубовта и долготрпеливоста, тогаш гневот не е насочен кон ближните, туку кон страстите и демоните, оплакувањето и смирението остануваат во душата.

 Кога човекот ја активира својата волја, тој го умртвува умот и се додека душата се занимава со надворешни работи, внатрешните страсти дејствуваат слободно.

 Ако душата се увери во заповедта Господова и ја запре волјата, тогаш умот се буди и методично ги отфрла страстите и ги негува добродетелите.

 Господ сака неговиот народ да биде здрав од видлива материја, т.е. неразумни желби и од скриена материја во душата, т.е. страст.

 Господ нè учи како да се ослободиме од ова заробеништво на страста: кој од вас не го отстапи сиот свој имот, не може да биде мој ученик, односно секој од вас што не се откажува од сиот свој имот и ако за моето име не ја пресече секоја врска и каде што има страв да отуѓи се за мене, тој не може да биде мој ученик.


 Старец Јосиф Ватопедски 


Comments