Молитви на Свети Макариј Велики

 Молитви на Свети Макариј Велики

Боже вечен и Цару на секое создание,
Ти Кој ме удостои
сè до овој час да бидам жив,
прости ми ги гревовите што ги сторив денес
со дело, со збор или со помисла;
и очисти ја, Господи, смирената душа моја
од секаква скверност плотска и духовна
и дај ми, Господи,
сонот во оваа ноќ во мир да ми мине,
та станувајќи од скромната постела
да му благоугодам на Пресветото Твое Име
во сите денови на животот мој,
и да ги победам телесните и бестелесните
непријатели коишто со мене војуваат.
Избави ме, Господи,
од суетните помисли што ме сквернат
и од желбите лукави;
зашто Твое е Царството и силата и славата,
на Отецот и Синот и Светиот Дух,
и сега и секогаш и во сите векови. Амин.

Господи, Боже наш,
сè што згрешив во овој ден
со збор, со дело или со мисла,
прости ми како човекољубив.
Подари ми сон мирен и безметежен;
испрати го Твојот Ангел Пазител,
кој ќе ме штити и ќе ме засолнува од секое зло.
Зашто Ти Си заштитник
на душите и на телата наши,
и Тебе слава Ти вознесуваме,
на Отецот и Синот и Светиот Дух,
и сега и секогаш и во сите векови. Амин.
Господи, Боже наш, во Кого веруваме,
и Чие Име над секое име го призиваме,
дај ни нам, што заминуваме на спиење,
одмор на душата и на телото, и зачувај нè
од секакво мечтаење и мрачни сласти.
Запри ја навалата на страстите
и згасни ги распалените желби телесни.
Дај ни целомудрено да поживееме
во делата и во зборовите,
та водејќи добродетелен живот,
да не отпаднеме од Твоите ветени добра,
зашто Си благословен навек. Амин.

Comments