Пресвета Богородица ме вика! (Вистинска приказна)

 Пресвета Богородица ме вика!  (Вистинска приказна)


 Беше Божиќ 2006 година. Г-дин Николас експлицитно и кажа на својата сопруга:

 Ќе одиме во Црква ако сакаш, но ќе запалиме свеќа и ќе тргнеме веднаш!

 Студенило? Рамнодушност? Бог знае. Но, неговата душа беше добра, и Пресветата Богородица сакаше да му помогне.

 Штом излегол од Црквата, откако ја запалил свеќата и тргнал по калдрмата со сопругата да си замине, слушнал глас кој го вика:

 – Никос!

 Се сврте и погледна изненадено.  Немаше никој наоколу!  Тој продолжи по патот и повторно го слушна неговото име:

 – Никос!

 Глас мек, но јасен.  Тој се двоумеше и застана.  Неговата сопруга чудно го гледаше.  Конечно повторно зачекори напред, но потоа гласот звучеше погласно, нешто како жалба!

 – Никос, каде одиш?

 Тој бил шокиран и плачел, ја фатил сопругата за рака и со глас скршен од емоции и рекол:

 – Жено, да се вратиме во Црквата.  Пресвета Богородица ме вика!  Слушнав три пати!  Ми рече: „Каде одиш Никос?  Таа е во право!  Што може да биде подобро од Божествената Литургија?

 И додаде:

 - Прости ми Дево моја!  Ја презирав жртвата на Твојот Син и на Тебе.  Ти го свртев грбот.  Прости ми, доаѓам, доаѓам!

 Оттогаш тој стана редовен во неговата Црква.  

 Настанот го раскажа дотичниот пар, на Божиќ 2008 година.

 И ни дава шанса да размислуваме и да се восхитуваме на спасоносната грижа на Пресветата Богородица особено за спасение на нашите души.  Таа ги лекува телата и душите на оние кои со вера ја бараат нејзината милост!

 Нејзините чуда се зголемија, можеби затоа што се зголемија и болестите.  Но: Каде што  изобилуваше гревот, изобилуваше благодатта.  Доволно е да има искрено покајание и потрага по Божествена милост.  Тогаш секогаш дејствува Божјата милост, но со Неговите непогрешливи критериуми, во интерес на душите.

извор:Света Гора

Comments