Три казни се одредени од Божествениот суд за гревовите на целото човештво. Две се веќе остварени, третата останува да се оствари.
Првата казна беше вечна смрт, наметната на коренот на човештвото, предците, за прекршување на Божјата заповед на небото ( 1. Мој. 2, 16-17; 3, 1-19).
Втората беше потопот (1. Мојсеева 7, 10-24), наметнат затоа што луѓето дозволија телото да владее над нивниот дух (1. Мој. 6, 3), правејќи сè повеќе гревови ( 1. Мој. 6; 5) и на тој начин да личат на животни (Пс. 48; 13- 20).
Последната казна ќе биде распадот и крајот на видливиот свет за отпадништвото на луѓето од Спасителот Христос, за нивното предавање на злите духови и нивното постојано општење со нив.
Свети Игнатиј Брјанчанинов