Точката од каде човекот мора да го започне својот живот како христијанин
... Доаѓајќи сега до точка да го наречеме Бог наш татко, во смисла што сме се развиле, ние сме на Сион, на врвот на планината.
И таму го наоѓаме Отецот, Божествената љубов, откровението на Света Троица. А токму пред ѕидините наоѓаме мал рид наречен Голгота со историјата и вечноста цврсто поврзани во заедничка визија.
Оттука можеме да се свртиме и да погледнеме наоколу и назад.
Ова е точката од каде што човекот мора да го започне својот христијански живот откако ќе го заврши ова искачување и да почне да кажува „Оче наш“, како што ни заповедал Бог.
Односно да се каже како молитва на Единородниот Син, молитва на Црквата, молитва на секој од нас, во нашиот заеднички собир.
Нека го каже тоа како личност, која е „Син во Синот“.
И дури тогаш можеме да се спуштиме од врвот на планината, чекор по чекор, за да ги сретнеме оние кои се уште се на пат или оние кои сè уште не почнале.
Митрополит Антониј Блум