Чудно е...

Чудно е што банкнотата од 100 денари ни изгледа толку голема кога ја оставаме во црквата, а толку мала кога ја оставаме на пазар.

Чудно е што еден час поминат во читање молитви, сеќавање на Бога ни изгледа толку долг, а час поминат во гледање телевизија изгледа толку краток.

Чудно е што, додека читаме молитва, тешко можеме да си ги собереме мислите, додека во разговор со пријател тоа не ни е тешко.

Чудно е што толку се возбудуваме кога се продолжува дополнително време за фудбалски натпревар и се жалиме кога проповедта трае подолго од вообичаеното.

Чудно е што ни е толку тешко да се присилиме да прочитаме барем едно поглавје од Библијата, а толку лесно читаме сто страници од нашиот омилен роман.

Чудно е што во концертната сала луѓето имаат тенденција да бидат во првите редови, а во црквата - во последните.

Чудно е што ни е толку тешко да научиме една молитва, а толку лесно се сеќаваме и прераскажуваме гласини.

Чудно е што толку лесно веруваме во она што е напишано во весниците, и ни е толку тешко целосно да веруваме во она што е напишано во Божјото Слово.

Чудно е што секој од нас сака да влезе во Рајот и не сака да се мачи себеси со напорите да го добие.

Чудно е што речиси секој од нас е и судија и адвокат во исто време: кога се во прашање туѓите гревови, вие сте судија, а кога станува збор за сопствените гревови, вие сте адвокат.

Чудно е што, откако ќе ги прочитате овие редови, речиси секој од нас ќе ги смета за релевантни за другите, а не за себе.




Comments