Еден слеп човек оди да му се исповеда на Игуменот на еден манастир...

Еден слеп човек оди да му се исповеда на Игуменот на еден манастир.. (Прекрасна приказна)


Старче, имам проблем, продавам ситници на улица за живот, но група мали деца постојано ми ги крадат и ме удираат по глава и ми се смеат! - Јас сум многу грешен старец, затоа се случува ова!

Игуменот луто му одговари:

Деца не се срамат од вас. Никој веќе ништо не почитува во оваа ера. Ајде да повикаме полиција.

А слепиот му одговара:

Што велиш старче? Не ми е гајле за нештата што ми ги крадат, ниту што ме исмеваат и тепаат, ми пречи што овие деца поради мене си ја полнат душата со гревови и црнила.. што сум слеп. Јас сум одговорен за нивните постапки и му се молам на Господ тоа да не им го припише како грев; и тој започна да плаче!

Старецот остана без зборови. Помисли дека има Светител пред себе и дека размислувал световно, а не духовно, а Игуменот почнал да плаче погласно од слепиот и му вика:

Светителу Божји, моли се за мене.

Тогаш целиот манастир се исполни со миомирис т.е. присуството на Божествената благодат го почувствуваа сите присутни и траеше три дена без прекин!



Comments