Чудата по молитвите кон Пресветата Богородица не престануваат!

 Чудата по молитвите кон Пресветата Богородица не престануваат!



Но, ние избравме да ви го кажеме НОВОТО чудо по молитвите кон Пресветата Богородица, како што ни го кажа во текот на нашиот телефонски разговор нашата Васташа А.

Секогаш  ќерка ми С. ме гледаше како ја кажував Радувај се Дево!  од молитвеникот и тогаш чудно ме гледаше.  Понекогаш ја слушав како мрмори - Радувај се Дево -повторно мамо.  И бидејќи, како што знаеш, брате мој, денешните деца не примаат совети и проповеди, јас прибегнав кон „трикот“ што Свети Порфириј му ја доверил на отец Георгиј Металинос, кога овој му се пожалил дека колку и да ја опоменува својата мала ќерка, не го слуша!
Го прочитав во некоја книга, Светиот Порфириј му кажал дека не постапува како што треба.  Клекни и помоли се на Дева Марија кажи и што сакаш да и каже на ќерка ти, и таа ќе ѝ го шепне тоа во срцето и ќе ја слуша, направи и ќе видиш!
И јас, брате мој клекнав и ја молев да ја просветли да почне да ги чита Нејзините молитви во одреден момент.  Таа е млада девојка! Пресветата Богородица да ја заштити, да и помогне да најде работа и потоа да и покаже добро момче за да ја направи среќна и да формират Христијанско семејство!
И слушај, брате мој, колку брзо Пресветата Богородица ми одговори на молитвите!
Во вторник, кога мојот сопруг има слободен ден, ја зедовме колата и отидовме кај неговите родители.  Тргнавме напладне и се вративме доцна навечер!
Во четири и пол го слушам мојот мобилен телефон како ѕвони!
Тоа беше ќерка ми!  Бев загрижена!  Ја сослушав што сакаше ми каже!
Мајко моја каде си те барам!
Со татко ти сум кај дедото.  Што ми велиш мајко!!  Не беше сега дома?
Не, ќерко, тука сме веќе два часа!  Но, што се случи?
Легнав да спијам!  Сигурно само што заспав и слушам како се отвора вратата од спалната соба!  Ги отворив очите и те гледам тебе!  Што сакаш мајко, те прашав.Ти ми одговори : Ќерко моја, сакам да те замолам да ми направиш услуга.  Каква услуга, мајко, те прашав.  Потоа го извади од џебот молитвеникот што  го читаш и ми ја кажа молитвата. Ми велиш: Еве очи мои мали, сакам да те замолам да почнеш да ги читаш молитвите секој ден!  И тоа не само еднаш, туку онолку пати колку што можеш.  И ти направи потег да ми го дадеш.  Станав, ја испружив раката и го зедов и во тој момент ти ми се насмевна со задоволство и исчезна, исчезна од моите очи!
И додека ја имав испружена рака и свиткани прсти како во моментот кога ми го даде и го држев, не го видов молитвеникот, ниту тебе!
Ама НЕ спиев мамо дали ме слушаш НЕ спиев, бев потпрена на креветот со подадена рака, свиткани прсти како нешто да држам!
Се разбудив и ти се јавив! То што го видов, беше живо!
Не и одговорив, брате мој!  Бев трогната до солзи бидејќи разбрав дека Пресветата Богородица ги слушна моите молитви и и го испрати својот Ангел чувар да ја поучи!  Очигледно, за да не се исплаши, тој го зеде мојот сопствен облик!
Но најголемото чудо се случи веднаш потоа, кога ја слушнав како ме прашува како се читаат молитвите, како го прават тоа и и реков!
И кога се вративме вечерта, ми рече дека ја читала одново и одново и почувствувала таква голема радост што не може да се опише!  И од тој ден брате НЕ престана да ги кажува!  Ја слушам како излегува од нејзината соба и вели: Радувај се Дево! а моето срце се вивнува кон небото и го фалам нашиот Бог и нашата Дева Марија што го направија таквото чудо со  моето дете!


извор: Света Гора

Comments