Молитви на Свети Филарет Московски



МОЛИТВА ПРВА
Господи, не знам што да молам од Тебе, 
Ти единствен знаеш што мене ми треба; 
ме љубиш и повеќе одошто јас самиот умеам 
себеси да се љубам. 
Не се осмелувам ни крст ни утеха да барам, 
само пред Тебе стојам; 
моето срце отворено е спрема Тебе; 
Ти ги гледаш потребите што јас не ги знам. 
Гледај и постапи со мене според милоста Своја; 
порази ме и исцели ме, понижи ме и подигни ме, 
ништ сум и нем пред Светата Твоја волја 
и пред недостапните за мене судови Твои. 
Се принесувам себеси за жртва кон Тебе; 
Тебе Ти се предавам, желби немам, 
освен желбата да ја исполнувам волјата Твоја. 
Научи ме да се молам, 
Самиот Ти во мене моли се. Амин. 


МОЛИТВА ВТОРА
Господи, дај ми мирно да го примам 
она што денов денешен ми го носи 
и целосно да ѝ се предадам на Твојата Света волја. 
Упати ме и помогни ми во секој миг од денов: 
каков било глас да добијам, 
научи ме мирно и со цврста вера 
да восприемам дека сè е по Твојата Света волја. 
Управувај со моите мисли, со моите сетила 
и со сите мои дела и зборови. 
Не допуштај во непредвиден случај 
да заборавам дека сè од Тебе доаѓа. 
Научи ме добро да се однесувам 
спрема родителите и спрема ближните, 
никого да не разгневам или оскрбам. 

Господи, дај ми сили да ја поднесам 
тежината на денот денешен 
и сè што во него ќе ми се случи. 
Управувај со мојата волја и научи ме 
да се молам, да верувам, да се надевам, 
да поднесувам, да простувам и да љубам. 

Господи, дај ми да бидам орудие на Твојот мир, 
та таму кај што има омраза да сеам љубов, 
кај што има осуда - простување, 
кај што има раздор - слога, 
кај што има очај - надеж, 
кај што има темнина - светлост, 
кај што има жалост - радост. 
О Божествен Учителу, 
нека не бидам утешуван, туку 
јас други да тешам; 
нека не ме трпат мене, туку 
јас да имам трпение за сите; 
не мене да ме љубат, туку 
јас сите да ги љубам. 
Зашто кога простуваме, тогаш 
и нам ни се простува; 
кога даваме, тогаш добиваме; 
а кога умираме, тогаш се раѓаме за живот вечен. 

Свет Духу, помошник биди ми 
денов денешен да Му Го посветам 
на мојот Господ и Спасител. 

Господи Исусе, Сине Божји, 
подобро е да не се живее 
одошто да се живее без Тебе или против Тебе. 
Ти благодарам, Боже, 
за дарот на овој ден и за секое добро 
за коешто ќе ми помогнеш денес да го сторам. 
Избави ме, милостив Боже, 
од желбата за самоугодување, 
и удостој ме во секој миг да бидам подготвен 
заради Тебе и заради ближниот свој 
да се откажам од себеси, 
зашто за таа служба и Си ми го дал животот. 
Помогни ми од себе да го отфрлам 
сето она што не е Твое, 
а она што е Твое да го примам 
во длабока вера, надеж и љубов. 
Дај ми ревност со која постојано ќе Ти служам: 
да ја поставам правдата над користа, 
да го поставам чинењето на благочестиви дела 
над минливите задоволства, 
да ги поставам другите над себеси 
за да ја исполнам Твојата заповед на љубовта. 
Стори светлоста на Твојата убавина, добрина 
и љубов да заблескаат во мојава душа. Амин. 

МОЛИТВА ВТОРА
Господи, дај ми мирно да го примам
она што денов денешен ми го носи
и целосно да ѝ се предадам на Твојата Света волја.
Упати ме и помогни ми во секој миг од денов:
каков било глас да добијам,
научи ме мирно и со цврста вера
да восприемам дека сè е по Твојата Света волја.
Управувај со моите мисли, со моите сетила
и со сите мои дела и зборови.
Не допуштај во непредвиден случај
да заборавам дека сè од Тебе доаѓа.
Научи ме добро да се однесувам
спрема родителите и спрема ближните,
никого да не разгневам или оскрбам.

Господи, дај ми сили да ја поднесам
тежината на денот денешен
и сè што во него ќе ми се случи.
Управувај со мојата волја и научи ме
да се молам, да верувам, да се надевам,
да поднесувам, да простувам и да љубам.

Господи, дај ми да бидам орудие на Твојот мир,
та таму кај што има омраза да сеам љубов,
кај што има осуда - простување,
кај што има раздор - слога,
кај што има очај - надеж,
кај што има темнина - светлост,
кај што има жалост - радост.
О Божествен Учителу,
нека не бидам утешуван, туку
јас други да тешам;
нека не ме трпат мене, туку
јас да имам трпение за сите;
не мене да ме љубат, туку
јас сите да ги љубам.
Зашто кога простуваме, тогаш
и нам ни се простува;
кога даваме, тогаш добиваме;
а кога умираме, тогаш се раѓаме за живот вечен.

Свет Духу, помошник биди ми
денов денешен да Му Го посветам
на мојот Господ и Спасител.

Господи Исусе, Сине Божји,
подобро е да не се живее
одошто да се живее без Тебе или против Тебе.
Ти благодарам, Боже,
за дарот на овој ден и за секое добро
за коешто ќе ми помогнеш денес да го сторам.
Избави ме, милостив Боже,
од желбата за самоугодување,
и удостој ме во секој миг да бидам подготвен
заради Тебе и заради ближниот свој
да се откажам од себеси,
зашто за таа служба и Си ми го дал животот.
Помогни ми од себе да го отфрлам
сето она што не е Твое,
а она што е Твое да го примам
во длабока вера, надеж и љубов.
Дај ми ревност со која постојано ќе Ти служам:
да ја поставам правдата над користа,
да го поставам чинењето на благочестиви дела
над минливите задоволства,
да ги поставам другите над себеси
за да ја исполнам Твојата заповед на љубовта.
Стори светлоста на Твојата убавина, добрина
и љубов да заблескаат во мојава душа. Амин. 



Comments