Ако искрено сакаш да го следиш Исус Христос, тогаш нема друг пат освен оној што Тој го посочил, патот на надворешните таги, телесни болести и постојаната борба со сите страсти кои се манифестираат на најразлични начини. Страстите се очигледни: ненаситност, разни блудства, среброљубие, тага, измама, очај, гнев, суета, гордост, неверство, завист, осудување на другите итн. А тоа бара труд и трпение. Ова е често вистинско мачење, Крст од кој е невозможно да се избега. Една од двете работи - или човек без борба им се предава, го предава Христа, претпочитајќи го светот и својот живот, или преку Него се бори, страда и духовно расте.
Игумен Никон Воробиев