Само еден поглед...


 

Само еден поглед



 На Второто Христово доаѓање ќе нѐ погледнат тие најслатки очи, полни со неискажлива љубов и наклонетост и нежност, ќе не погледнат жалосно и тогаш ќе умреме,  нема да знаеме каде да се сокриеме.

 Погледот кој никој од нас нема да може да го поднесе и кој ќе не здроби и повреди како ништо друго. Ќе биде како неизлечива рана.

 Христовото тажно гледање не е како нашите поплаки.  Обично се жалиме на себе, ненаситно, затоа што некој ни згрешил или не заборавил или не го направил тоа што го сакавме.

 Се жалиме кога не не почитуваат, не ни подаруваат, не искористуваат.  Се жалиме кога се себични спрема нас.

 Меѓутоа, Христовата тага е спротивна.  Како да тагува во наше име, за нас, кои сме сиромашни и не сме ги прифатиле Неговите дарови.

 Тој тагува, боли, страда поради нашата беда... Можете ли да го замислите тоа?  На Христос му е жал што не сме среќни, што не отидовме кај Него да ни даде вечна радост!…

Тагата Христова, овој шокантен, жален поглед, кој не опфаќа сите нас, може отсега да не доведе до спасение и Воскресение, ако постојано го држиме пред себе, како водач.

 Да не се плашиме од казна и пекол, туку да научиме да сакаме и никогаш да не се одвојуваме од изворот на вистинската љубов, а тоа е Христос.

 Затоа што нема друг начин на вистински живот освен љубовта Господова.  Само погледот на Христос.

 Дури тогаш нашиот живот може да почне да цвета и да вроди со плод, ако го погледнеме погледот Господов лице в лице и само кога плачеме, дури и само со една солза, за тагата што му ја предизвикуваме.

 Тогаш започнуваме да ги учиме тајните на љубовта, кои светат во очите на Богочовекот...

 Дури и нашиот поглед кон страдалното лице на Христос може да нè спаси, ако нашиот поглед со скрушеност ја повикува Неговата милост. 

 Само еден поглед!


Comments