Еднаш во Фарас, на денот на Воскресението, во црквата влегол турски разбојник, додека Свети Арсениј Кападокиски служел Литургија
Еднаш во Фарас, на денот на Воскресението, во црквата влегол турски разбојник, додека Свети Арсениј Кападокиски служел Литургија. Штом Светителот го виде вооружениот Турчин како бесрамно стои внатре во Светиот храм, го предупреди веднаш да си оди. Но, тој не обрнувал внимание на него…
Светителот непречено ја продолжил Божествената Литургија. Кога излегол на Големиот Вход, Турчинот го видел како не гази по земја, туку како оди по воздух! Гледајќи го ова чудо, тој почнал да трепери. Се обидел да замине, но не можел, бидејќи се почувствувал врзан за невидливо јаже… Светителот, откако влегол во Олтарот со Светите дарови, му покажал на турчинот да излезе. Навистина, тогаш разбојникот почувствувал олеснување. Треперејќи целиот, тој излегол и паднал како мртов. Кога завршила Светата литургија и Свети Арсениј излегол од црквата, му пришол на турчинот, го подигнал и така конечно можел да застане на нозе. Потоа му дал строги препораки и, нудејќи му пет илјади, го пуштил здрав, но преплашен!