Вистински пријател

 Вистински пријател.


Еден човекот наследил многу пари, изградил огромна куќа, отворил многу фабрики, купил се што можело да се купи.

Тогаш почнаа да се собираат околу него, сите се трудеа да бидат фини со него.Тоа му се допадна, па набрзо имаше многу луѓе околу него.На секој чекор додворувања и пофалби.

Мислеше дека има се и дека е на врвот на светот.

Еден ден додека се качувал по своите огромни скали во својата куќа, се лизнал и паднал.

Долго време се тркалаше по долгите скали, кога конечно паднал бил речиси мртов.

Еден Ангел слезе и му ја зеде душата и кога стигнаа пред портите на небото, добрите дела не можеле да му  ја покријат неговата ароганција и тој почнал да се чуди.

Како е можно јас, кој имам толку многу пријатели и луѓе кои ме ценат на земјата, да не можам да влезам во рајот.

Ангелот ја отворил раката и во неа имало прекрасна бројаница.

Земете ја, рече Ангелот, ова е бројаницата на вистината. Ќе те пуштам во рајот ако најдеш еден вистински пријател. Ставете ја на себе и ќе можете да ја видите вистината кај луѓето.

Додека Ангелот го враќал на земјата, човекот се радувал и рекол: па ова е лесно, барем јас имам многу пријатели.

Во тој момент ги отворил очите во болница, сопругата и децата стоеле покрај креветот.Кога ги видел брзо ја ставил бројаницата која му била во рацете.

Жената му која стоеше до него почна да се насмевнува и да се радува, но во мислите велеше: мојот план пропадна, тој преживеа и ништо за мојот брак со помлад и поубав маж.

Цел исплашен го погледна синот, мора да ме сака бидејќи јас сум негов татко, но синот си рече: Несакам да го наследам неговот презиме.

Плашејќи се дури и да ја погледне својата ќерка, ги слушна нејзините мисли: подобро да умре, ако остане осакатен, морам да се грижам за него и да го чувам, уште тоа ми треба .

Разочаран и понижен истрча од болницата. Прво отиде кај неговите блиски пријатели. Кога го видоа сите се израдуваа, а мислите му поцрнија. Еден рече: „Тој е уште жив, оваа гуска е уште жива.“ Друг рече каков кретен е тој,не можел да оди по скалите. Наоѓаше само разочарување и тага насекаде.Сфаќаше дека нема да може да најде вистински пријател.Чувствуваше дека му се ближи крајот,се преиспитуваше себеси и своите постапки.Седеше на улица криејќи се од луѓето за да не слушне нивните грди мисли и подбивања.

Седна на блиската клупа и почна да плаче и ја носеше бројанита на вистината.Кога зад себе слушна глас кој веднаш му го стопли срцето: Колку си добар човек, да ја ставам главата на твоето рамо за да ја почувствувам твојата добрина. Боже, никогаш да не се одвојам од тебе.

Кога го слушнал тоа, човекот скокнал од радост, се свртел и не видел никој. Но, мислите постојано доаѓаа и тие беа се поубави и поубави. Тој се наведнал и видел куче скитник под старите гајби што стоеле во близина. Тој неможел да поверува.

Што се случило потоа? Не знам, луѓето само велат дека виделе бездомник кој постојано носи куче со себе и бега од луѓето.

Во Светото Писмо пишува дека Бог му дал на човекот власт над сите животни, сакај ги, тие се тука за тебе.

Затоа, секогаш кога ќе видите куче скитник на улица, бидете љубезни со него, бидејќи можеби ќе ве однесе во рајот.



Comments