Божествените сили се семоќни

 „Божествените сили се семоќни“


Старче, многумина се загрижени. Што ќе биде со едниот, што ќе биде со другиот.

- Погледнете и видете. Сега Бог, дури и да сакаше да не остави, не може.


- Што сакаш да кажеш, старче?

- Да, кога родителите ќе донесат дете на свет, колку повеќе се мачат да го воспитаат, толку повеќе го сакаат. Така Господ не донесе на свет, не воспита на некој начин, се измори да ни го прави тоа што ни го направи. Сега и да сака да не остави, не може, затоа што нè боли, само да имаме малку почит. Ако имаме малку милосрдие, нема да ни недостасува Рајот.

- Старче, ти рече дека Добриот Бог нема да не остави…

- Да, Бог никогаш не не остава. Ние Го оставаме. Кога човек не живее духовно, нема право на божествена помош. Но, кога живее духовно и е блиску до Бога, тоа го заслужува. Потоа, ако нешто се случи и умре, тој е подготвен за следниот живот, па затоа е победник и во овој и во другиот живот.

Божјата помош не ја попречуваат луѓето или демоните. Ништо не е претешко ниту за Бога ниту за Светиот.  И додека покрај нас има толку голема сила, ние, бидејќи човечкиот елемент постои во нас во голема мера, не можеме да го разбереме божественото, кое ги надминува сите човечки сили на светот, бидејќи божествените сили се семоќни. Многупати седиме неправедно, со часови, за сами да најдеме решение за некој проблем, користејќи го целото наше неискуство. Главата ни станува ѕвонче, сон не нè фаќа, оти тангалите нè фатија со упорни мисли. Конечно наоѓаме решение, но тогаш Господ ни наоѓа друго, подобро решение, на кое не сме мислеле, а нас ни останува главоболки и непреспиени ноќи. Колку и да е правилно нашето размислување, кога Бог не е напред, главата се заморува и се јавува главоболка, а молитвата со доверба во Бог дава одмор. Поради оваа причина, да му веруваме на Бога во работи што е тешко да се направат човечки и да не се потпираме на нашите сопствени човечки напори, а Тој ќе го направи она што е најдобро.

И секогаш за се што мислиш да направиш, кажи „ако сака Господ“, не трпи го она што некој некогаш го претрпел.

 Еден селанец решил да оди на работа во своето лозје. „Утре наутро“, и вели на жената, „ќе одам на лозје. „Ако сака Господ, ќе одиш“, му вели таа, а тој „Господ сакал - несакал, јас ќе одам“. Следниот ден излегол пред зори. По пат го фатила таква поплава што бил принуден да се врати. Уште не зазорило, тој тропал на вратата. „Кој е тоа?“ - прашува сопругата, ,,Ако сака Господ , вели , ја сум твојот маж,,.

Свети Пајсиј Светогорец

Comments