Роб на стравот, роб на смртта...

 



Роб на стравот, роб на смртта


 Смрт


 Пред смртта луѓето се слаби како комарци, како камчиња.

 Со што се фалите луѓе?

 Со богатство, наука, филозофија и култура?

 Сите тие се кучиња - јас и ти сме робови на смртта!

 Секој човек е роб на стравот, роб на смртта.

 Може ли да стане човек на овој свет со радост?

 Не дека не може.

 Човек кој сериозно ќе се соочи со себе и сериозно ќе гледа на смртта како на последната станица од овој живот, тој човек нема радост на овој свет, нема уживање за него овде.  Сите задоволства се лага, ако смртта е последната станица на овој свет за мене и за тебе.


 Кој ја донесе смртта на овој свет?

 Кој освен гревот?


 За жал, оваа срамна улога на овој живот, на внесување на гревот и смртта и на ѓаволот на овој свет, му припаѓа на човекот.

 Тоа не го правеле тигрите или лисиците, туку човекот.

 Затоа човекот е суштество кое треба да се срами пред сите животни и сите растенија и сите птици.

 Човекот треба да се засрами и да моли за прошка од секоја птица затоа што тој донесе смрт на овој свет, донесе смрт на птиците и животните и растенијата.


 Сè се распаѓа и умира.


 Но, до кога?


 До Воскресението на мртвите, кога Господ ќе му суди на светот и ќе даде нова земја на местото на старата земја, кога сè на неа ќе стане бесмртно.

 Тоа е нешто што не можеме, а не знаеме ни да го замислиме, но тоа е добрата вест на нашиот Господ и Христос.


 Свети Јустин Поповиќ


Comments