Целиот живот на човекот е мешавина од тага и страдање...

 



Целиот живот на човекот е мешавина од тага и страдање во некои моменти и во други времиња благодат и слично, се тоа некогаш и се превртува.

Имаше еден свет човек кој се молеше на Бога да ги види сите свои гревови и да го направи достоен да го следи Него со тоа што ќе го носи својот Крст, и да бидне како неговите ученици. Христос ги слушна сите негови молитви.

За време на молитвата, тој падна во екстаза и го виде Самиот Христос како седи на престолот и го праша:

Дали сакаш да ме следиш? Да Господи.

На оние што ме следат им давам некои задачи, и Тој му даде да јаде едно јаболко.

Јаболкото беше многу слатко. На Светиот човек многу му се допадна и побара друго.

Дали сакаш друго јаболко? го запраша Христос. Да Господе. И така му даде уште едно јаболко. Оваа беше многу горчливо, како отров.

Лицето на Светиот човек му се згрчи.

И тогаш му беше понудено и трето јаболко.

Оваа беше многу горко, толку горко што Светиот човек почна да повраќа.

Тој вложи напор да се воздржи и му кажа на Христа: Господи ако ми нудиш такви работи, нема да можам да те следам.

Христос се насмевна и му кажа: Андреј тоа беше името на Светителот, изеди го оваа последно јаболко, за да ги заборавите предходните.

Ова последно јаболко беше толку слатко што во ист момент кога Светителот го вкуси, го фрли во екстаза, која беше уште подлабока од првата: тој се најде во рајот со својот дух и ги виде сите неискажани убавини, духовите на праведниците и сл.

Ги виде Ангелите и Архангелите, ги слушаше нивните мелодии - нивното алилуја. Со еден збор, тој ги виде сите идни утешувања во кои ќе уживаат сите праведни луѓе.

По некое време си дојде на себе, падна пред Христа и со солзи во очите му се молел на Христа, да се сожали и конечно да го прифати во Неговата бесконечна милост, да го направи достоен да ужива во се онаа што го видел.

Значи брате, ова се работите што ги дава Христос.

Понекогаш слатко - понекогаш горчливо.


Свети Ефрем Катунакијски

Comments