Слава на Христовата Голгота

 Слава на Христовата Голгота


О Света Голгота, осветена со крвта Христова!  Те молам кажи ни колку илјадници грешници со Христовата благодат, покајание и солзи ја осчисти и ја исполни рајската благодат?  О со твојата неискажлива љубов, Христе Цару, со твојата благодат си ги исполнил сите небесни палати со покајани грешници.  Ти овде долу помилуј и спаси ги сите.  И кој може да биде достоен да Ти угоди, дури и ако имал Ангелски ум?  Грешници, дојдете брзо.  Светата Голгота е отворена, а Христос е милостив.  Пријдете Му и бакнете ги Неговите Свети нозе.
Само Он како милостив може да ти ги излечи раните!  Ох, ќе бидеме среќни, кога семилостивиот Христос ќе нè заповеда со големо смирение и страв Божји и врели солзи да ги измиеме Неговите најскапоцени нозе и со љубов да ги бакнеме! Тогаш семилостивиот Христос ќе се удостои да ги измие нашите гревови и ни извираат вратите на Рајот, каде што со голема радост, заедно со Архангелите и Ангелите, Херувимите и Серафимите и со сите Светии, вечно ќе го славиме Спасителот на светот, најслаткиот Исус Христос, Јагнето Божјл заедно со Отецот и Светиот Дух, Едната и неделива Троица.
Старец Тихон Атонски

Comments