Кога Светиот Дух ќе се спушти врз човекот со полнотата на неговите дарови...

 Кога Светиот Дух ќе се спушти врз човекот со полнотата на неговите дарови, човечката душа се исполнува со неопислива радост, бидејќи Светиот Дух во секоја пора го пресоздава она што го допира. Ова е радоста за која Господ зборува во Евангелието:

„Жена кога раѓа,има болки, оти и дошло времето нејзино; но штом ќе го роди детето, од радост не ги помни веќе болките, зашто се родил човек на светот. Па така и вие нажалени;но Јас пак ќе ве видам, и ќе се зарадува срцето ваше, и радоста ваша никој нема да вија одземе.“(Јован 16, 21-22)

Радоста што човекот тогаш ја чувствува во својата душа, колку и да е голема и утешна, не е ништо во споредба со онаа за која Господ преку устата на Апостолите вели: „Што око не виде , уво не чу, ниту на човека на ум му падна, тоа Бог го приготвил за оние, кои Го сакаат“ (1. Кор. 2:9).

Она што сега ни се дава е само напредок на таа врвна радост. И сега чувствуваме сладост, радост и благосостојба, што да кажеме за таа друга радост што се подготвува во рајот, откако првпат ги оплакувавме нашите гревови, нашата себичност овде на земјата.

Свети Серафим Саровски

Comments