Моќта на молитвата...


Моќта на молитвата



 Д-р Марк, беше познат онколог.  Еден ден одлетал на важна конференција во друг град, каде што требало да добие медицинска награда.

 Меѓутоа, еден час по полетувањето, дошло до итно слетување на најблискиот аеродром.  Лекарот изнајмил автомобил за да оди на конференцијата.

 Набргу по неговото заминување, времето се влоши и дојде силно невреме.  Поради силен дожд, интернетот исчезна и навигаторот, се преврте наопаку и се изгуби.

 По два часа возење,докторот сфатил дека е изгубен.  Бил гладен и уморен па решил да најде место за одмор.  Конечно најде една мала куќа.  Очаен излегол од автомобилот и тропнал на вратата.

 Жената ја отвори вратата.

 Тој и објаснил што му се случило и ја замолил ако може да го искористи нејзиниот телефонот.Жената рече дека нема телефон, но може да влезе и да почека додека не се подобри времето.

 Гладен, мокар и уморен докторот ја прифати нејзината понуда и влезе.  Жената му послужила топол чај и му рекла дека ќе оди да се помоли.  Д-р Марк се насмеа и рече дека верува само во напорна работа.

 Седејќи на масата и пиејќи чај, докторот ја гледаше жената под слабата светлина на свеќата додека се моли покрај креветчето.

 Докторот сфатил дека на жената и треба помош, па кога завршила со молитвата, ја прашал:

 Што точно сакаш од Бога?  Мислиш ли дека Бог некогаш ќе ги чуе твоите молитви?

 Жената тажно се насмевна и рече:

 Детето во креветчето е мојот син, кој боледува од редок вид на рак и има само еден лекар, се вика Марк, кој може да го излечи, но немам пари да му платам.

 Освен тоа, д-р Марк живее во друг град.  Бог сè уште не одговори на мојата молитва, но знам дека ќе одговори... и ништо нема да ја наруши мојата вера.

 Шокиран и без зборови, Др. Марк, започна да плаче, тој и шепна:

 Господ е голем…

 Се сети на сè што му се случи денеска: дефектот во авионот, поројниот дожд што го натера да го загуби патот;  и сето тоа се случи затоа што Бог не само што ја услиши нејзината молитва, туку и му даде можност да го напушти материјалниот свет и стана можно да и се помогне на кутрата несреќна жена која немаше ништо друго освен молитва...

 

Comments