Лекување на гневот

 Лекување на гневот



Свети Тихон Задонски имал лут темперамент. Често се лутел на луѓето и се каел за тоа, а потоа повторно се лутел. И тој самиот ја почувствувал оваа слабост повеќе од кој било друг. 

Многу се молел на Бога, Господ да го исправи, да го избави од таквото гневно расположение.

И навистина, според Божјата Промисла, се случило нешто што засекогаш го скроти неговиот гнев и доведе до скрушеност, смирение.

Така, по молитвата, кога побарал од Бога болест која ќе го излечи од гнев, Светителот заспал и сонувал дека е во храмот, а свештеникот излегол од олтарот и носел во раце мало дете покриено со проѕирна наметка. 

Му приоѓа на детето, го гледа и го прашува свештеникот како се вика детето . Свештеникот му одговара: „Василиј“, што на грчки значи „крал“.

Тогаш Свети Тихон ја тргал наметката на детето и го бакнал во десниот образ. Детето во овој момент толку силно го удрил со десната рака по левиот образ што Светитлот почнал плаче од болка и се разбудил. Свети Тихон почувствувал болка по целата лева страна од телото. Му се заблагодарил на Бога и оттогаш повеќе не се лутил на никого и на ништо.

Comments