И ЈАС СУМ ГРЕШНИК...

 И ЈАС СУМ ГРЕШНИК

..зашто безаконието мое го знам,

и мојот грев е секогаш пред мене,

пред Тебе Единствениот згрешив и пред Тебе зло извршив..

(Псалм 50, 3-4)


Гревот е првенствено духовен, метафизички феномен. Корените на гревот се наоѓаат во мистичната длабочина на духовната природа на човекот. Суштината на гревот не е пречекорување на етичката норма, туку оддалечувањето од вечниот и божествен живот за кој е создаден човекот и на кој е природно - односно во согласност со својата природа - повикан.

Гревот се јавува пред сè во мистериозните длабочини на човечкиот дух, но неговите последици влијаат на целата личност. Откако ќе се изврши, гревот има реперкусии врз психолошката и физичката состојба на лицето што го извршило; тоа се рефлектира во неговиот надворешен изглед и влијае на неговата лична судбина; неизбежно ги надминува границите на индивидуалниот живот на грешникот, за да ја зголеми тежината на злото што го оптоварува животот на целото човештво и, следствено, влијае на судбината на целиот свет.

Свети Софрониј Сахаров

Comments