Дајте му на другиот насмевка прво!...

 


Дајте му на другиот насмевка прво!



 Вие што сте сопруг, кога ќе и пријдете на вашата сопружничка,

 ти што си татко, мајка, кога ќе му пријдеш на детето...

 што и да му кажеш, што и да мислиш да му кажеш, кажи го, откако прво ќе му кажеш неколку зборови кои ќе му дадат радост, утеха, здив на свеж воздух.

 Нека каже, ми олесна, мило ми беше!

 Дозволете им на другите да се гордеат со вас, да ве сакаат, да скокаат од радост кога ќе ве сретнат.

 Затоа што сите луѓе во својот живот, во своите домови, во своите тела и во душите имаат болки, болести, тешкотии, страдања, а секој крие болка во својот таен џеб, во своето срце, во својата куќа, за другите да не знаат.

 Значи, јас не знам каква болка имате, а вие не знаете каква болка имам јас.

 Можеби се смеам и викам, танцувам, но длабоко во себе ме боли, и се смеам и викам, за да ја покријам тагата.

 Затоа најпрво дајте му насмевка на другиот.



 Старец Емилијан Симонопетриски 


Comments