Секоја куќа е црква!

 Секоја куќа е црква!

Еден мирјанин го покани Старецот од Света гора да изврши Осветувањето во неговиот дом. Ништо не му одеше како што треба. Секојдневни расправии и тензии со сопругата, децата.


Старецот почнал со Осветувањето во сите соби и во секоја соба гледал во ѕидовите, а кога завршил разочарано ја спуштил главата. Штом го заврши Осветувањето, го повикал сопственикот и му вели:


- „Дете мое, ѕидовите на куќата немаат прозорци“


Сопственикот не разбрал што мисли свештникот и го прашал:


- Старче, што сакаш да кажеш дека ѕидовите немаат прозорци?


А Старецот одговара:


- Дете мое, прозорците на ѕидовите се икони на Православието, тие се духовни прозорци низ кои светлината влегува, ја загрева и капе секоја куќа.


Кога нема прозорци, чедо мое, тогаш има само студ и темнина.


Затоа не заборавајте да ги наполните ѕидовите со ,,прозорци,, за повторно да најдете мир во вашето семејство.


Нека влезе светлината Христова и на Светиите!




Comments