НЕВИДЛИВИ СВЕТИТЕЛИ...

 


НЕВИДЛИВИ СВЕТИТЕЛИ


 Во меланхоличното светло на станбените згради, во болниците и затворите, на улиците и на маргините на општеството, има Свети души кои Го исповедаат Христа.Тие никогаш нема да бидат канонизирани.

 Старите Светогорци велеле: ...има многу невидливи Светители, кои никој не ги познава освен Бог и кои ќе ни се откријат во тешки времиња и денови...

 Никој од нас не може да каже во кое срце почива Бог. Тоа е целосно Негов избор.  Затоа во Неговото Царство ќе се најдеме пред големи изненадувања. Ги познава своите деца, души кои светат само тој знае да разликува.

 Затоа што Светителите не мора секогаш да носат монашка облека.  Можат да бидат облечени во сини фармерки или плиширано здолниште.  На крајот на краиштата, што би бил рајот без сите нив?


 Отец Хараламбос Пападопулос




Comments