Што се задоволствата? Кој се виновни и кои се недолжни?

 Што се задоволствата? Кој се виновни и кои се недолжни?


" Уживањата" се оние работи кои "даваат задоволство" и ни го засладуваат животот.Тие се дволични како нашата човечка природа.
Како што го поседуваме телото и душата и секој од нас има сопствени сетила и тело, на ист начин задоволствата припаѓаат и на физичката и на менталната природа. Постојат физички задоволства кои се чуствуваат низ телото; постојат и ментални задоволства кои припаѓаат на нашиот рационален и духовен свет.

Задоволствата се воглавно резултат на нашите настапи и тие не утешуваат или разочаруваат, во склад со нашите исправни или погрешни дела. Ако нашиот план и целта на нашите дела се во " склад со Бога" и неговата воља, емоција и кои резултираат со задоволство се пријатни и оставаат сладок вкус. Ако меѓутоа нашите склоности и дела се ирационални и полни со страсти, тогаш чуствуваме одвратност и гадење 

Задоволствата, кои највеќе не заведуваат, се оние кои се однесуваат на нашата биолошка природа и се наоѓаат во нашите телесни делови и сетила. Сетилото за вкус, допир и мирис го заземаат првото место. Вкусот на слаткото, кога дојдеме во контакт со материјалните работи и движења се нарекува задоволство.

Овде треба да се согледа " точната мерка" за да би се избегнала злоупотребата. Нашата биолошка суштина го содржи најголемиот дел на нашето постоење и се засновува на трите сетила.
Низ нив се јавува задоволството и задоволството.

Еднаш кога човекот се присети на својот пат - и да јаде како би живеал - тогаш може да ги контролира задоволствата во склад со законот на "потребата".
Ако, нажалост, живее за да јаде и троши - нешто што овие денови е норма - тогаш преовладува ирационализам, а јас се срамувам дури тоа и да го опишам.

Постојат и морални и сетилни задоволства; воглавно кои имаат врска со генеративниот инстикт и формирањето на односите. Овде имаме вистински лавиринт на перверзијата, каде грозниот ѓавол освојува највеќе награди 

Законот и мотивот да се размножуваме е основна потреба во овој егзил и постанува најсилна привлечност за заедништво на двата пола. Тогаш започнува најмоќната претпоставка на илегалниот хедонизам кој вистински ја разрушува неискусната младина.

Кратко ги опишавме причините за постигнување на задоволството. На нас е да ја искористиме мудроста во нивно ускратување, како би спречиле да плачеме над урнатините поради нивното нелегитимно прифаќање и користење.
Овие принципи се однесуваат на сетилните и секуларните задоволства.

Меѓутоа постојат и духовни задоволства, кои нас не охрабруваат.
Духовните задоволства се енергии и плодови на Божјата Милост, која утешува и ги олеснува напорите во духовното царство, го просветлува интелектот, го смирува срцето ги утешува чувствата и ја засилува храброста и надежта во тешките времиња.

Што се радоста, мирот, трпението, толеранцијата и се што се раѓа од љубовта и сочуство ако не се духовните задоволства? Сите плодови и производи на самопожртвувањето, кое љубовта ги бара, се најслатки духовни задоволства кои донесуваат најголема радост во нашите животи.

Меѓутоа, постојат и надприродни задоволства кои ни ги доделува Божјата милост во овој живот, иако припаѓаат на идниот свет, како вовед во блаженството кое не очекува.Таквите задоволства, освен надвор од природата, не се контролирани, ниту не  програмираат нас во овој свет, но се награди на Божјата, беспоштедна Љубов да ги охрабрат и утешат оние кои се борат во добрата војна.

Некои од таквите задоволства се: тишината на мислите, ослободување од борбата против страстите, потполна некроза во однос на секуларните работи и движења, како искачување кон Божјата Милост на оние кои ке постигнат чистота на своите срца. 

 За овие луѓе се зборува дека го " доживуваат Бога" и се извлекуваат од искуството и начинот на живот во овој свет. Таквите луѓе се оние за кои нашиот Господ даде свое сведочење и кажуваше дека ке им се открие и ке пребива во нив заедно со својот Отец. 

 Сите оние кои сакаат да уживаат во сите тие натприродни награди и доблести, нека се потрудат да се придржуваат кон заповестите. Нашиот Господ ги исполнува своите ветувања.
Старец Јосиф Ватопедски

Comments