Во времето на нашата служба (работа), или што било друго што правиме, наместо да озборуваме, наместо да се расправаме, наместо да раскажуваме, наместо духовно да зборуваме, подобро е да се каже молитва. Затоа што ќе има критики, озборувања, клевети, негодувања, ќе има шеги, разни работи. Кога ни е желба да зборуваме, кога ни е досадно, кога сме тажни, знаете дека тоа е затоа што не твориме молитва. Да ја следат, како што ја следеле отците и Светителите, како што ја следеле духовните луѓе во светот и ја чувствувале Божјата благодат. Празниците и неделите кога имаме повеќе време да кажеме молитва Господи Исусе Христе, помилуј ме, да го искористиме времето за молитва.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар