Простувам…

 Простувам…

Правам простор во срцето да застанам со тебе, со друг, со друг… Правам простор да се вклопиме. Простувам, односно гледам на другиот таков каков што е, со неговиот грев и неговата неподнослива страна, со сите негови товари и неговите маани и велам: - Ќе те носам, како крст, ќе те носам до Кралството на Бога, сакал или не.

Без разлика дали си бил добар или лош, ќе те носам на мои рамења, ќе те донесам пред Господа и ќе речам: Господи, цел живот го носам овој човек, бидејќи се плашев да не умре. Сега останува на тебе да му простиш, во името на моето сопствено простување, со Твојата бескрајна милост и да го прифатиш во прегратките на Твојата Љубов!

Од книгата „Тајната на исцелувањето“ од Митрополит Антониј Сурошки Блум

Comments