Мој вистински пријателу во Господа!...

 



Мој вистински пријателу во Господа! Оди кон Господа Исуса Христа, приближувај Му се по патот на Евангелските заповеди.


 Преку нив запознај Го, а со исполнување на заповедите покажувај ја и докажувај ја својата љубов кон Господа Исуса Христа. Самиот Он ќе ти се јави во денот и часот, кои му се само Нему познати.


 Заедно со јавувањето, во твоето срце ќе ја излие и твојата љубов кон Него. Божествената љубов не е нешто, кое по некое право би требало да му припаѓа на паднатиот човек.


 Таа е дар од Светиот Дух, кој Бог го испраќа во садовите, кои се очистени со покајание, во садовите кои се исполнети со смирение и невиност.


Довери Му се на Господа, а не на себеси: тоа е многу посигурно. Он е твојот Творец. Кога ти горко падна, Он поради тебе постана човек, за тебе се предаде на казна, за тебе ја пролеа Својата крв, своето Божество ти го предаде тебе, и што уште Он не направи за тебе. 


Подготви се за Неговите дарови преку сопственото очистување. Тоа е твоја должност.


Свети Игнатиј Брјанчанинов

Comments