Сега биднавте малодушни, и жалосни, мислејки дека Небескиот Отец е спор во одговорите...

 


Сега биднавте малодушни, и жалосни, мислејки дека Небескиот Отец е спор во одговорите.

Но јас ве уверувам дека ако се случи како што и сакавте тоа сигурно ќе се случи.Но прво потребно е да се молите со сета своја душа, и треба да почекате.

А кога ќе заборавите на вашите барања и кога ќе престанете да се молите за нив, исполнувањето ќе дојде како награда за вашето трпение и издржливост.

Кога ќе дојдете на граница на очајување додека се молите и барате, знајте дека исполнувањето е блиску.

Христос наш сака да ги излечи некои ваши скриени страсти и тоа е причина зошто доцни во исполнување на вашите молби.

Ако добиете исполнување на вашите молби веднаш, вашите страсти ќе останат во вас неизлекувани.

Ако почекате вие ќе добиете лек против вашите страсти.А тогаш радувајте се неизмерно и заблагодарете му на Бога кој  работи се во мудрост и за ваша корист.


Свети Јосиф Исихаст


Comments