Свештеник кој одбил да венча роднини и неговото мачеништво...

 




Свештеник кој одбил да венча роднини и неговото мачеништво


Старецот Хризостом беше парох во Кареја околу 1969 год.,тој беше повикан во Архирејската канцеларија и доби налог да изврши венчање на пар на кој по Светите Канони им е забрането да влезат во брак

По признавањето на старецот,тие имаат степен на сродство (први братучеди).Отец Хризостом беше ревнител на патријаршките традиции.Тој љубезно ги одби.

После тоа беше подложен на повеќекратни притисоци.Зошто се грижиш му кажаа оној кој ти наредува има одговорност итн.Тој беше цврст во својот став.Тогаш го ставија во таканаречен финансиски одмор,односно можеше да работи но несмееше да ги извршува Светите тајни и платата му беше  намалена од1969 до 1984 година.

Тогаш започнува вистинско страдање со глад,просјачење и горчина за мајката Црква. Овој златен човек тука и тамо беше нахранет,работеше кога му дозволуваат,а живееше од јадењето кое му го даваа ужалените луѓе по гробиштата.

Сите го познава како јаден,чист со господски став,со бело лице носеше голем чадор и лето и зима,зошто беше бледобел и на него му пречеше светлината.Треба да се спомене дека тој никогаш не јадеше месо и додека беше казнет се задоволуваше со онаа што Бог ќе го пратеше преку луѓето.

Беше Велика среда,годината во која уште беше под казна.Се враќаше од гробишта.

Слезе до мала црква.Беше пладне,студено рана пролет.После големите степеници со дупки имаше пат кој ги спојуваше гробиштата со Црквата.

Тогаш од газдата на локалната кафеана слушна тешко хулење против Христа.Пријде кон кафаната го викна газдата да излезе и со десната рака го удри толку силно по образот и човекот моментално се испружи на земјата и ја загуби свеста.

Старецот се заврте не ни го погледна ја истресе облеката и продолжи по патот.

Луѓето зачудени го гледаа и тој ја слушна галамата позади себе,но тој си продолжи напред и воопшто не му беше грижа.

Дојде во храмот и на влезот зема две свеќи и се поклони на иконите и ги запали свеќите една за живите една за мртвите.

Им се поклони на иконите на Иконостасот и кога се поклони на иконата на Господа,слушна во срцето сладок глас како му зборува:Јас се трпам Хризостоме,а ти денеска скоро уби човек.

Тој остана шокиран,сфати што направил,се врати да го најде човекот и да му се извини.

Но ништо,кафаната беше затворена,сите беа зачудени.

Повторно се врати.Влезе во Светињата,ги заклучи вратата и плачеше со часови,но без утеха.Попладне отиде кај духовникот да се исповеда,но срцето му беше скаменето.Тој го слушна во срцето гласот на Светиот Дух како тажно му зборува: Каине,Каине, каде тие твојот брат?

Се врати во Црквата.Народот се собра,братот на певница гледаше напред, а отецот тој беше на колена плачејќи пред Чесната трпеза,барајќи прошка.

И тогаш се случи нешто неочекувано.Крстот Христов кој го изнесе да го исчисти се лизна од ѕидот на кој беше потпрен  со тресок падна. Раката Христова и дрвото од Крстот силно го удари по неговата глава и таа се отвори и почна да тече крв.

А тој тогаш слушна глас во своето срце: крвта е твое правило,стани облечија својата наметка и варди се.

И овој милостив човек,богослов стана Благословен.



Старец Хризостом Ставроникејски





Comments