Не победуваш човек со зло, туку само со добрина...

 




 Луѓето кои погрешно те разбрале и те повредиле, не го ни знаат тој стар мит, за ветрот и сонцето, дека се карале кој е најјак и се кладеле дека кој ќе ја соблече на овчарот наметка, во време кога одел во планина, ќе биде најјак.

 Ветерот дуваше, пак дуваше, на овчарот му дтана студено и поцврсто се обви во наметката.  Тогаш сонцето излезе од облаците, ги расфрлаше светлината и топлината наоколу, овчарот се загреа и ја соблече наметката ...

 Тогаш сонцето му извика на ветрот: Дали сфати кој од нас е најсилен?  Не победуваш човек со зло, туку само со добрина...


Свети Порфириј Кавсокаливит


Comments