Зошто, зошто си отфрлен?

 Зошто, зошто си отфрлен?


Врз мене е печатот на гревот. Навиката да помислувам за земното ме расејува. Нема во мене сила затоа што Духот не ми доаѓа на помош; Сесветиот и Себлаг Дух, обновителот на единството на умот, срцето и телото, чиешто разделување е последица на страшниот човеков пад.

Без семоќната, творечка помош на Духот моите сопствени напори се бесплодни! Он е многумилостив, бескрајно човекољубив, но мојата нечистотија не Му дозволува на Духот да пристапи.

Ќе се измијам со солзи, ќе се очистам со исповед на моите гревови, нема да му дадам на телото мое ниту храна ниту сон зашто со нивното излобилие е поврзана огрубеноста на душата: целиот, облечен во плачот на покајанието, ќе слезам до вратите на моето срце.

Таму ќе застанам, или ќе седнам, како слепиот од Евангелието, ќе ги поднесам нелагосноста и здодевноста на темнината, ќе повикувам кон Семоќниот да помилува: Помилуј ме!

                                            Свети Игнатиј Брјанчанинов 

Comments