Како ќе ја спознаеш слабоста на својата природа, ако не те разбудат гавраните...

 


Ако не сакаш да страдаш, не барај ни да се искачуваш!

Ако не сакаш да тагуваш, ни благодат не барај !

Зошто унинствуваш, се обезнадежуваш, зошто се изнемоштуваш? 

Толку ли бргу се откажуваш од борбата?

Еве гледај. Бог им допушти на демоните да вршат влијание за да видиш кај се наоѓаш, 

за да се појави твојата гордост,

за потоа да се смири твоето срце,

за да осознаеш дека си човек, 

за да се спознаеш себеси, да сострадуваш со оние што грешат и воопшто да не ги осудуваш.

Како ќе ја спознаеш слабоста на својата природа, ако не те разбудат гавраните?


Старец Јосиф Ватопедски


Comments