Еден човек седеше во собата за испрашување на КГБ. Човекот е верник верува во Бога.
Инспекторите на КГБ со часови пробуваат да го наведат на соработка, но тој секогаш ги одбиваше. Како последен обид да се предомисли, инспекторот му кажа:
Кажете ми искрено каква корист сте добиле од својот Бог во кого толку фанатично верувате? Имате големо семејство, а децата ви шетаат во партали.Вашата жена секогаш е трудна.Но вие сте и понатаму непопустлив.Нема смисол? Дали знаете дека можеби никогаш нема да излезете од овде? Кој тогаш ќе ја издржува вашата сопруга и децата? Потпишете ја оваа изјава и тоа ќе ви го промени животот. Ќе имате постојана работа,приход и почитување од сите. Вашите деца ќе одат на факултет.
Човекот му одговори: Добро, ќе ја потпишам оваа изјава само под еден услов.
Каков услов?- праша инспекторот
Дали имате деца?
Да. Мојот син ќе наполни дваесет и две години, но што е тоа толку битно?
Дозволете ми да го мачам вашиот син до смрт и да ми ветите дека нема да се осветите туку дека ќе ми опростите. Кажете ми дека ќе ме сакате и ветете ми дека и ден ноќ ќе ме штитите мене и моето семејство и дека ќе ги обезбедите сите наши потреби. Дека ќе ми дадеш вечен живот и дека ќе го воскреснеш својот син од мртвите на третиот ден да не натера да поверуваме. Ако се тоа го направите, ви се колнам дека се ќе направам што го побаравте од мене. Ќе објавам јавно дека вие сте мој господар и по потреба ќе го дадам својот живот за вас.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар