Кога Дева Марија ја сретна мајката на Јуда...

 




Кога Дева Марија ја сретна мајката на Јуда



Две Мајки


Со тежок чекор Богородица,со голема болка

во ноќта слезе од Голгота само со Јован  покрај неа во таа темнина и камењата

затреперија од нејзиното плачење.


Наоколу,секаде околу темнина,нем пат,светот е јасен,завладеа некој голем страв.


И додека чекорат како сенки по тие бескорисни места и во својот плач,Богородица го кажуваше онаа најтажното и ехото се слушаше по целото место и секој нежен свет кој се расцветал овена.


Како не би плачела кога денот и стана ноќ?

Ако Тој е Богочовек,Таа е мајка 


И тој глас ја вознемирува пустината.


Ах,каков тажен глас.Кој така плаче и зошто?

Кој уште,како таа,болува и тагува и плаче за своето дете?


Да,постои друга мајка

која,сама по страна,која тагува и црни солзи рони,и таа,како и Дева Марија,загуби син и никогаш неможе да заборави какво зло направил нејзиниот син.


Пресветата Богородица го виде Исуса својот распнат,а другата мајка го виде својот син како виси обесен на дрвото.

И плаче,но нејзиниот плач никого не го додирнува,но Пресветата Богородица ја почувствува нејзината болка,која ги слуша сите болки и маки и побрза кон неа,да и каже зборови полни со љубов,да ја утеши со слатка насмевка полна со сочуство 


Не си ти единствена која ја загуби светлината на твоите очи,и јас ја загубив,не грижи се како ти се викаше синот?


А таа плашливо,како да е виновна и одговори:

сестро моја,Јуда се вика рожбата моја.


Само една мајка сама во целиот свет знае колку длабоко се зари ножот во градите.

По улици го влечеа детето мое како разбојник.

Таа знаеше дека неможе да го спаси својот син но како мајка Христова таа се молеше за својот син.


Дојди и остани во мојата куќа оваа вечер да ја поминеме заедно,таму двете својата болка како мајка со мајка да си ја кажеме,нашите солзи да ги измешаме и да се помолиме.


Потпрени една до друга,замислени чекорат двете мајки.


Исус Распнат на Крстот им ја даде следнава заповед:


ЉУБЕТЕ СЕ ЕДНИ СО ДРУГИ!






Comments