Патот на покајанието е трнлив, подвигот на совршенството е тежок...

 



Човечката последица и земниот суд носат солзи и срам, плач и мака – но тоа е времено; но има место и суд, каде времето не суштествува и годините не се пресметуваат во денови. Најмногу за тоа место треба да се мисли. Многу гревови ти тежат на душата – тогаш, покај се пред Бога, не се срами, пристапи кон поправање, следи ги стапките на блудниот син! Патот на покајанието е трнлив, подвигот на совршенството е тежок: но ти, истреси го од себеси заробеништвото од светот и подражавај го блудниот син, кој, откако блудно потроши сè, не сметаше за срам да се врати при својот татко. Татко му тажеше не за расфрленото богатство, туку за срамното заробеништво: затоа, престапничкиот нечесник се облекува во чест; повратениот голтар добива нова промена; понудениот за слуга, постана господар на слугите. Тоа слово и тој пример се за нас – ја гледаш ли последната смелост и добриот успех на тој син? Следи го и ти – да се приготвиме и сите за тој подвиг.


Свети Ефрем Сирин

Comments