Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме!...

 



Свети Симеон Солунски за оваа молитва кажува: Оваа Боженствена молитва која се состои од повикување на Спасителот е следна: Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме!

Таа е и молитва, и завет, и исповедување на верата и давателка на Светиот Дух и Божји дарови, очистување на срцето, изгонување на демоните, вселување на Господ Исус Христос, источник на духовно разбирање и Боженствени помисли, разрешување на гревовите, лекарка на душата и телото, давателка на Боженственото просветлување, извор на милоста Божја, застапница на Божјите тајни, единствена спасителка, зошто го носи името на нашиот Спасител во себе, името на Исуса Христа Синот Божји.

Comments