Воз на животот...

 


Воз на животот


Животот е како патување со воз. Луѓето влегуваат и слегуваат. При застанување на возот се случуваат пријатни изненадувања.Човекот проживува среќни моменти но има и незгоди,несреќи и таги.


Кога ќе се родиме зачекоруваме во возот.

Се сретнуваме со луѓето за кои мислиме дека ќе не пратат во тек на целото наше патување.

На пример нашите родители...За жал, вистината е сосема друга.

 Кога тогаш тие ќе се симнат од возот и ќе не оставаат нас без својата љубов,нежност,пријателство и друштво.


Меѓутоа, во возот ќе влезат други личности кои ќе ни бидат многу важни.

Тоа се нашите браќа,сестри,нашите пријатели и луѓето кои ќе ги сретнеме и ќе  ги засакаме во својот живот.


Многу личности кои влегуваат гледаат на патувањето како на кратка прошетка.


Другите пак во своето возење низ животот наоѓаат само жалост и тага... Но во возот има и такви кои се секогаш спремни да се најдат при рака и се спремни да им помогнат на оние луѓе на кои им е потребна помош.


Полно луѓе после слегувањето оставаат позади себе копнеж.


 Многу од нас се враќаат на својата голема мака. 


Многу влегуваат и излегуваат а ние не ги забележуваме.


Не чуди што многу патници кои ни се најмили се наоѓаат во некој друг вагон.

Оставајки не сами во тој дел од нашето патување. Се разбира тоа не не спречува да на себе ги преземеме тешкотиите на патувањето и на самотијата и да ги побараме и да пробаме да се сместиме во нивниот вагон.


Се случува и тоа да неможеме да се сместиме блиску до нив зошто местото веќе е зафатено од некој друг.

 

Животот е таков. Преполн со предизвици,сонови,илузии,надевања,состанувања, разделувања,без повторни состанувања и никогаш тие моменти нема да се вратат. 


Да пробаме своето патување низ животот да го направиме најдобро што можеме. Да пробаме со сите да бидеме во мир.


Да пробаме во секој од нив да го видиме најдоброто. Да се сетиме на тоа дека на секој дел на животниот колосек,некој од сопатниците може да "падне" и дека му е потребна нашата помош и разбирање.


И на нас може да ни се случи да "паднеме" од колосекот. И да се надеваме дека ќе се најде некој кој ќе ни помогне и разбере.


Најголемата мистерија на патувањето е таа што незнаеме кога точно ке се симнеме од возот,исто како што незнаеме ни кога ќе се симнат нашите сопатници...дури и оние кој седат покрај нас.


Че бидам тажен и ожалостен кога треба да слезам од возот.


Верувам дека разделбата со некои пријатели кои ги сретнував за време на патување и кои ми станаа мили ќе боли.


Меѓутоа имам надеж дека ќе дојдам на главниот колосек. Тогаш ќе ги видам како тие пристигнуваа со својот багаж кој го немаа на влегување во возот. 


Тоа многу ќе ме израдува. Ке бидам среќен поради фактот што им помогнав да го зголемат својот патен багаж полагајќи во него добра содржина.


Да се потрудиме и да се обидеме да имаме среќно патување. Да се обидеме при излезот од возот да оставиме празно седиште кое на останатите патници,кои го продолжуваат своето патување, да им пробудиме копнеж за убавите и пријатни спомени.



Comments