Имав 10 или 11 години...

 


Имав 10 или 11 години.


 Немав чевли, а од студот и калта петите ми беа полни со пукнатини, имав болки и крвавев.


 Кога се молевме на Пресветата Богородица во моето село, ја молев да ме исцели од душевната болка.


 Тогаш очите на Богородица оживеаја од Иконата, се свртеа кон мене, ме погледнаа со многу љубов, ми се насмевнаа и потоа ми ги погледнаа нозете.


 Несвесно ставив плунка на прстот (старецот ми го покажа десниот показалец), ја избришав калта од петата и веднаш забележав дека не ме боли и пукнатините се затворени.


 Лузните од пукнатините останаа до денес, чедо мое, да се сеќавам на Нејзиното чудо.


  Свети Јаков Цаликис


Comments