Вредноста на молитвата и бројаницата

 Тој беше монах - раскажува старец Ефрем - и паднал во толку многу невнимание што го напуштил својот манастир и се свртел кон светот. Тој заминал во родниот град Кефалинија, каде што, како што е познато, опседнатите од демоните доаѓаат на лекување во Свети Герасим.  И така, одејќи да му се поклони на Светиот, откако тој беше во својата татковина, на улица го пресретна  една демонопседната жена и му вели:

- Знаеш ли што држиш во рака?  Ах, да знаеш,  што држиш во рака!  Знај колку ме пече твојата бројаница, а ти ја чуваш од навика.

Монахот се посрамоти.  Демонот зборуваше така од Бога. Тој го сретна.  Бог го просветли и си вели:

- Види што правам јас будала!  Во раката го држам најсилното оружје и не можам да го удрам ѓаволот.  И не само што не можам да го удрам, туку и ме влече каде сака. Боже мој!

И во истиот миг се покаја и заминува во својот манастир.  И доаѓајќи тој повторно направи добар почеток.  И толку многу се молеше во самотија, што за многумина стана пример.  Моето смирение го надмина овој Старец.

Од неговата уста не се слушна ништо друго освен „Господи Исусе Христе, помилуј ме“!  Нон стоп.  Ти му кажеш нешто, тој ти одговори со два збора и јазикот му се сврте право кон молитвата.  Тој беше толку навикнат на неа.  Толку многу го промени.  И да се мисли дека вредноста на неговата молитва и неговата бројаница ја открил - без секако да сака - ѓаволот, за време на несреќите и трагите.

Од книгата: Старец Ефрем Филотејски и Аризонски 

Comments