Беседа за духовната храна
Исус им рече: ,,Мојата храна е да ја исполнувам волјата на Оној Кој Ме пратил и да го извршам Неговото дело'' (Joв.4,34)
Еве Љубов! Еве една лекција! Еве смирение! Еве еден пример!
Како што е во добриот леб наоѓаме сè што му треба на нашето тело, така што во секој збор на Господ Христос има се што и е потребно на нашата душа. Божественото единство на природата на Отецот и Синот се изразува во љубовта на Отецот кон Синот и Синот кон Отецот. Оној кој љуби, тој и слуша. Ако сакаш да знаеш колкава е Твојата љубов кон Бога, измери ја својата послушност кон волјата Божја и веднаш ќе знаеш. Недостигот на послушност е сигурен знак за недостаток на љубов. Оној кој љуби, со сладост ја извршува волјата на љубениот. Синот Божји го сака својот Отец толку многу што исполнувањето на волјата на Отецот го смета за најслатка храна. Која е волјата на Отецот? Спасувањето луѓето. Господ Синот Божји почувствувал ненаситна глад за исполнување на таа волја на Отецот.И кога некого го спаси,Тој се чувствуваше нахранет со најслатка храна. Погледнете колку е возвишена Христовата духовност! Неговите ученици му донесоа храна од градот и Го понудија да јаде: Рави, јади! Во тоа време, Тој беше зафатен со Својата главна работа - спасување на човечки души. Тука е и жена Самарјанка, подготвена да ја прифати науката за спасението; таму на пристаништето е и целиот град Сихар, веќе блиску до Царството Божјо;тука е големо поле и заврши жетвата на спасението. Тоа е храна за Христа, послатка од сите телесни јадења и слатки на овој свет. Телото е машина во која се вози царот човек. Кога царот ја врши својата царска работа, кога ги откупува царските поданици од ропство, машината мора да стои настрана и да не се меша во работата на царот. Царот се встремил да ги спаси саканите царски поданици; а тоа е неговата храна, неговиот пијалок, неговата плата, неговото единствено задоволство и достоинство. О, браќа мои, да знаете колку Христос Господ е уште гладен за нашето спасение! Зарем да не му дозволиме да ја јаде храната што Он најмногу ја сака? Кој е наш поголем гостин, поблизок роднина, поискрен пријател од Него? Значи, кога ќе нагостиме подалечни гости, и повеќе далечни роднини и повеќе неискрени пријатели со тој оброк, за кој знаеме дека го сакаат, како да не го угостиме нашиот Господ со оброк што само Нему му е угоден? Да го прифатиме нашето сопствено спасение, кое Тој ни го нуди. Тоа е Неговата омилена храна. Од секоја друга храна Тој ја врти главата. Господи Исусе, ненаситен човекољубецу, помилуј не и спаси не.
Слава и пофалба за Тебе засекогаш. Амин.
Свети Николај Велимировиќ- Охридски пролог
Comments
Post a Comment
Напиши коментар