Пресвета Богородица на денот на Велика Сабота го воскресна синот на вдовица

Една Велика Сабота (по 2017 година, во село Смикси, Гревена), мајка вдовица го загубила синот на млада возраст, 42 години.

Во 20 часот почувствувал стегање во градите, и мајкa му повикала брза помош, околу 22 часот докторот и рекол за смртта на нејзиното дете. Тој и кажал: викни ги роднините и подготви се за погребот.

Докторе, му кажа таа, да не им кажувам сега,да го почекаме Воскресение,ќе им кажам после Воскресението? Кажете им тогаш, Среќен Велигден.

Христос Воскресна, му вели таа и докторот си замина.

Помина времето и додека го милуваше својот мртов син, ги крена очите кон иконата на Пресвета Богородица и рече:
Богородице моја, помогни ми,Ти го виде твоето дете распнато, јас не го видов распнат, но помогни ми, не сакам да го пропуштам Воскресението на твојот Син, дај ми сила да одам и да се радувам на Неговото Воскресение, и кога ќе вратам ќе имам време да плачам за син ми...
Го покри своето дете, ја заклучи вратата и верната мајка замина во Црквата.
Кога дошло време за Светата Причест, го видела синот од десната страна, се ,,изгубила,, сите ми мислеле дека е од постот. Синот сфатил дека мајка му била шокирана од неговото присуство, се свртел и тргнал налево, ја фатил за рацете и и рекол:
Мајко, јас сум твојот син, Богородица беше толку среќна со твојата молитва што ме врати.



Comments