Господи Исусе Христе помилуј ме грешниот...

 



Секоја молитва на Црквата помага да се прочисти срцето.  Но, особено помага Господовата молитва или умствената молитва или молитва на срцето „Господи Исусе Христе, помилуј ме грешниот“.

 Оваа молитва, која секогаш се кажува на Света Гора, ја има следната предност: бидејќи е монолог, односно само една реченица, ни помага полесно да го концентрираме умот.

 Концентрирајќи го умот, го потопуваме во срцето и се грижиме таму да не бидеме преокупирани со други работи и значења, ниту добри ниту лоши, туку само со Бога.


 Старец Георгиј Капсанис

Comments