Со мал привремен труд ќе уживате во вечни и бескрајни добра.


Немојте да се каете што сте го умртвиле своето тело поради Христа,зошто Тој го створи.

Немојте да се плашите пред болка,зошто Тој има сила да ја исцели секоја рана.

Немојте да се каете што му Го дадовте целото свое постоење,зошто,Тој ќе го обнови,и прослави во Царството Небеско.Како што Христос пострада за вас,така и вие пострадав те за Христа.

Сврти се околу себе и погледај колку болки,колку грижа,колку тага има во луѓето.

Колку болки,има и други кои повеќе болат.

Колку и да сте несреќни,има и други кои се уште повеќе несреќни.

Слава и благодарност на Бога кој поголеми страданија не ти испраќа.Охрабри се,почни со својата духовна борба.Со мал привремен труд ќе уживате во вечни и бескрајни добра.


Свети Димитриј Ростовски



Comments