Што треба да сторам за да стекнам најголемо добро?


 


Некој  монах го запраша големиот учител Авва Нистериј пријател на Антониј Пустињакот:

Што треба да сторам за да стекнам најголемо добро?

Аввата му одговори:

Нели е се едно што да се прави?

Писмата зборуваат дека Аврам беше гостољубив и Бог беше со него;

Илија ја сакаше самотијата и Бог беше со него;

Давид беше смирен и Бог беше со него.

Затоа прави го онаа што ти го посакува душата во својата потрага по Бога но секогаш внимавај срцето да ти стане безпрекорно.


Изреки на Светите  старците

Comments