Кога ќе сфатиш, дека како што ти си во искушение, така и твојот брат е искушуван, тогаш на искушуваниот му простувај.

 Кога ќе сфатиш, дека како што ти си во искушение, така и твојот брат е  искушуван, тогаш на искушуваниот му простувај.

На искушувачот, кој сакаше да те наведе на омраза спрема искушуваниот брат спротистави му се, не подавајќи се на неговото лукавство.

Тоа е оваа што го зборува и Свети Јаков брат Божји во соборното послание:"Покорете се на Бога, а спротиставете се на ѓаволот, и ќе побегне од вас"(Јак.4,7). Ако, затоа, како што е кажано, имаш трезвена ревност за се напред изнесено, ќе можеш да го познаеш патот Господов и на Светите Апостоли, и да , од една страна, ги љубиш луѓето и сочуствуваш со нив кога грешат, а од друга страна непрекидно да се противиш на лукавите демони со љубов.

Ако пак сме горди, безгрижни, немарни и своите помисли ги валкаме со телесните наслади, тогаш се бориме не против демоните, туку против себе сами и против браќата свои, а на демоните дури им угодуваме, борејќи се за нив против луѓето.
Свети Максим Исповедник

Comments