Слава Тебе Господе, зошто...


 

Би требало да размислите за своите гревови и да кажете: ,, Слава Тебе Господе, зошто ме правилно казнуваш".

Сетете се дека порано сте го заборавиле Бога и кажете: ,,Слава Тебе, Господе, што ми даде прилика и разум почесто да се присетувам на Тебе".

Размислете за тоа  да би сте биле добро, веројатно не би требало да направите ништо лошо и кажете:,,Слава ти Господе, што си ме спречил да направам грев". Ако  со својот грев се носите на овој начин и со овие мисли, вашиот товар ќе постане многу лесен.


Од друга страна, иаку Бог дозволува болест, не е грев да се обидеме да се излекуваме.

Зошто и медицинската наука и лековите се истотака Божји дар на човечкиот род.

Затоа ако отидеме на доктор, заправо му се обраќаме на Бога.


Да научиме низ грев и да здобиеме понизност, трпение, дарежливост и чувство на благодарност кон Бога.

Секако нетрпението и одвратност се човечки, но треба да ги исфрлиме кога ќе се појават.

Сите тешки ситуации вклучуваат товар кој мораме трпеливо да го поднесеме. Ако нема товар, неможеме да зборуваме за трпение.

А ни желбата за ослободување од товарот не е само по себе грешна. Тоа е природна потреба на душата.Правиме грев кога сме, поради оваа потреба, доведени до точка да се нервираме и жалиме.

Ако такво нешто го чуствувате во себе, ослободете се од тоа веднаш и заблагодарете му на Бога што го направил тоа.


Ако се разболите по своја вина, признајте му го тоа на Бога и молете за простување поради тоа што не го запостави дарот на здравјето, дар кој ви го даде.

Ако од друга страна, Господ ја дозволил вашата болест - зошто ништо не се случува случајно - заблагодарите Му од срце.

Болеста е истотака дар од Бога, зошто не понижува, ни ја омекнува нашата душа и не ослободува од многу грижи.


Како да се молиме кога сме болни?


Не грешиме кога бараме од Бога да не излечи. Но кога оваа Го бараме, да ја додаме фразата: ,, Ако е Твоја волја, Господе".


Кога во потполност се потчиниме на Божјата волја и да прифатиме се како Божји чин, тогаш нашата душа постанува спокојна и Бог постанува милостив спрема нас.

Тогаш ни дава здравје или, барем утеха и утеха во нашата болка.


Свети Неофит Затворник


Comments