Оној кој го бара Господа Исуса Христа, постојано се стреми кон Него,

Еден старец беше прашан како ревносниот Христијанин не може да биде искушуван кога е опкружен од толку многу искушенија: светот му се спротивставува на секој начин, тој гледа како монасите се враќаат во светот, ја разбира сопствената слабост итн.?

Старецот одговорил: „Нека си замисли како кучиња  бркаат зајаци. Кога едно од нив ќе го види зајакот, веднаш трча по него - другите го гледаат само кучето и најпрвин трчаат по него, а потоа се враќаат; првото куче што го видело зајакот го брка додека не го фати. Не го одвлекува вниманието од целта со тоа што другите кучиња заостануваат, се враќаат назад, не гледа во потокот, ниту во дрвјата , ниту во трнливите грмушки и, трчајќи низ трње, често е ранет, но гледа да не престане да работи. На ист начин, оној кој го бара Господа Исуса Христа, постојано се стреми кон Него, победувајќи ги сите искушенија на кои ќе наиде, додека не ја достигне целта.



Comments